Волонтери на Црвениот крст помагаат на магистралниот пат Скопје-Крива Паланка-Деве Баир
Тимот за одговор и дејствување при катастрофи со пет волонтери од Општинската организација на Црвениот Крст на Крива Паланка со едно возило вечерва пружа помош на магистралниот пат Скопје-Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.
Поради забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир тимот ќе патролира во следните неколку часа, зависно од потребите на терен и ќе им помага на возачите на тешки товарни возила кои се паркирани покрај патот и се во застој, исчекувајќи забраната да биде прекината.
- Со оглед на обилните снежни врнежи кои се уште се интензивни, тимот на Црвен крст ќе им остави на овие возачи топла облека, шал, капа, топол чај и основен прехранбен пакет, информираат од ОО Црвен крст, Крива Паланка.
Тимови на Црвен крст ќе патролираат и на патниот правец Скопје-Охрид.
Ново на Сител
-
Федералниот апелациски суд во Бостон ја оспори наредбата на Трамп за одземање на државјанството по основ на раѓање
-
Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип
-
Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови
-
Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
-
Се интензивираат активностите на учесниците на Локалните избори 2025
-
21. „Бела ноќ“ во Скопје