Војводата од Кент во посета на Македонија за сто години од Првата светска војна
- Неговото Височество, војводата од Кент, денеска ќе ја посети Македонија по повод активностите на Обединетото Кралство за одбележување на стогодишнината од Првата светска војна.
Како што соопштија од Британската амбасада, војводата од Кент денеска во близина на Раброво ќе се информира за битките во Дојран и Костурино, со детали за бројот на британски и ирски формации, вклучително и 10-та ирска дивизија. Потоа ќе положи цвеќе на споменикот во чест на 10-та ирска дивизија.
Во Скопје, Неговото Кралско Височество ќе присуствува на церемонија на британските воени гробишта. На службата најавено е присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, високи воени претставници, како и амбасадори на земјите што учествувале во Првата светска војна.
Војводата од Кент е претседател на Комисијата за воени гробишта на Комонвелтот од 1970 година. Комисијата е организација што им оддава спомен на сите мажи и жени кои служеле и починале во двете светски војни и се грижи за спомениците на 23.000 локации во 154 земји.
- Војводата тесно соработува со Комисијата и ги посетува локациите. Годишнините од двете светски војни се можност за заедничко сеќавање, можност да се потсетиме за хоророт на војната, да жалиме, да им оддадеме спомен на оние кои ги изгубија животите, да покажеме солидарност со оние кои преживеале, се наведува во соопштението од Британската амбасада.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола