Воени вежби на Иран, дрон над американски носач

Иран направи серија фотографии преку дрон што надлетувал над американски носач на авиони, за време на воени вежби во Персискиот залив.
Иранската државна телевизија објави фотографии и снимки на носачот, а ирански претставници го поздравија ваквиот подвиг поради стремежот да се добијат што повеќе податоци за силите на стрнски држави.
Американски претставници неодамна соопштија дека дрон прелетал над носач, меѓутоане не е утврдено дали во прашање било иранско беспилотно летало. Иако не дошло до опасност за американскиот носач „Хари Труман“, портпаролот на американската морнарица ваквиот потфат го оцени како „ненормален и непрофесионален“.
Портпаролката Никол Шувгман наведе дека инцидентот се случил на 12 јануари, а тој ден Иран зароби десет американски морнари кои поради „грешка во навигацијата“ упаднале во иранска територија.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
