Во вторник лидерска средба Заев - Мицковски

Во вторник во Собранието најверојатно ќе се одржи лидерска средба за измените во законот за Јавното обвинителство, дознава Сител од партиски извори.
Денеска Премиерот Заев излезе со став дека е оптимист дека работните групи ќе најдат заеднички јазик за измените во законот за Јавното обвинителство, а доколку решат дека има потреба за лидерска средба тој е подготвен на таков начин да придонесе законот да се донесе пред 15 септември.
Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдуваат оваа информација. Од партијата велат дека ситуацијата налага лидерите да седнат на заедничка маса за да може да се донесе законското решение.
Според нашите извори, и денешната средба на работните групи ќе биде во насока на подготовка на темите за лидерската средба.
Покрај измените во Законот за јавно обвинителство кои како тема ќе доминираат на лидерската средба, според нашите извори ќе се отворат и други теми меѓу кои и онаа за организација на предвремени парламентарни избори.
Се уште нема информација во кој формат ќе се организира лидерската средба и дали покрај Заев и Мицкоски на маса ќе седнат и други лидери на политички партии.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
-

Бунфорт: Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ
-

ЗЈО за реакциите по куќниот притвор за Груби: Партиите и функционерите да се воздржат од јавна реторика со која се нарушува самостојноста на обвинителите
-

Португалците загрижена за ситуацијата во Мексико во пресрет на мартовскиот пријателски натпревар
-

„Пиротехниката веќе беше поставена, не знам кој ја активирал“ – сведочи гитаристот на ДНК
-

Од денес Кичево е град на културата
