Македонија
29. August 2020 - 17:41

Во возило на патот Демир Капија - Неготино пронајдени 8 мигранти, возачот избегал

Вчера во 16,10 часот на регионалниот пат  Демир Капија-Неготино од полициски службеници било забележано патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое излетало од патот, а возачот се дал во бегство, соопштија од МВР.

Во возилото пронајдени биле осум мигранти (седум од Бангладеш и еден од Пакистан, сите полнолетни).

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар-Винојуг Гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.