Македонија
5. October 2021 - 8:25

Во Владата презентација на мерки за забрзан економски раст на старт-ап екосистемот

 Во Владата денеска ќе бидат презентирани предлог-мерки за забрзан економски раст на македонскиот старт-ап екосистем.

На прес-конференцијата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров.