Во Велес со Ковид-19 заразени тројца ученици и три воспитувачки, најмногу во изолација деца од градинките
Во велешките училишта позитивни на КОВИД-19 се три ученика, од кои двајца од ООУ „Блаже Конески“, а еден од ООУ„Васил Главинов“, додека бројот на ученици, основци и средношколци, како и деца од градинките и ученици од Средношколскиот интернат кои се изолација е 81. Од овие четири деца се од ООУ „Панко Брашнаров“, 14 од ООУ „Св Кирил и Методиј“, 15 од ООУ „Блаже Конески“, тројца од ОССУ „Коле Неделковски“ и 45 од градинките во Велес, соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.
По седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Коцевски информира дека тројца наставници/воспитувачи се позитивни на КОВИД и сите се градинката „Димче Мирчев“ која во Велес има шест клона.
Коцевски кажа и дека бројот на наставници и воспитувачки кои се во изолација е 12. Од нив еден од ООУ „Блаже Конески“, еден од ООУ „Рајко Жинзифов“, еден од Гимназијата, еден од хемиското школо „Димитрија Чуповски“, двајца од ОССУ „Коле Неделковски“ и шест воспитувачки од градинката „Димче Мирчев“.
Оо стручните служби на училиштата еден е ковид-позитивен, од хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, а таму има и еден вработен од стручната служба кој е во изолација.
Од техничките служби во училиштата има еден позитивен од ООУ „Панко Брашнаров“ и еден од ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ од село Иванковци и двајца вработени од техничката служба на градинката „Димче Мирчев“ или вкупно четири позитивни, информира Коцевски.
ема директори од велешките училишта кои се позитивни на Ковид-19,а има двајца директори кои се во изолација заради контакти со лица позитивни на вирусот.
Ново на Сител
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот