-->
-->
Во Велес потпишан Меморандум за соработка за децата на улица
-->
Во просториите на Општина Велес денеска беше потпишан Меморандум за соработка со кој се предвидува унифициран и стандардизиран начин на постапување со децата на улица.
Меморандумот за соработка го потпишаа Општина Велес, Меѓуопштинскиот центар за Социјална работа, ЈЗУ Здравствен дом, Министерство за внатрешни работи - Сектор за внатрешни работи и ЈЗУ Општа болница.
Како што информира Орце Николов од службата за информирање на општина Велес, соработката помеѓу страните потписнички ќе се темели на над десетина принципи.
- Целта на меморандумот е заштита на овие деца, нивно отргнување од улицата и целосно вклучување во општеството, појаснува Николов.
Воедно со склучувањето на овој Меморандум ќе се обезбеди соработка за мапирање на териториите каде престојуваат децата кој најголем дел од времето го поминуваат на улица и манифестираат асоцијални поведенија.
- Ќе се направи и анализа на потреби и проблеми на овие деца, организирање на кампањи со цел зголемување на јавната свест и достапност на информации од здравствените работници кои можат да откријат повеќе појави кои претставуваат злоупотреба на деца,информира Николов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје