Во Велес континуирано се уредуваат улиците
Привршуваат градежните работи на улицата „Стефан Димитров“ во населба Керамидна во Велес. Градоначалникот Славчо Чадиев денеска направи увид во градежните работи на улицата, каде работници од фирмата изведувач завршија со бетонирање на улицата која има околу 200 метри должина.
- Градежните зафати значат подобри услови за граѓаните кои живеат во овој дел на Велес. Реконструкцијата се изведува со средства од програмата за работа на Општина Велес, информира Чадиев.
Претходно на улицата „Стефан Димитров“ беше заменета старата водоводна линија со нова.
Во текот на 2016 година Општина Велес изврши реконструкција односно асфалтирање и бетонирање на 23 улици од кои 18 во градот и пет во руралните населени места: Бузалково, Горно Оризари, Раштани, Иванковци и Сујаклари.
Во 2017, досега е започната целосна реконструкција на улиците во населените места Чалошево и Мамутчево, а реконструирани се и неколку улици во Велес.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка