-->
-->
Во тетовско Ново Село повредено малолетно девојче откако во неа удрило возило
-->
Малолетно девојче беше повредено вчера откако во неа удрил 53-годишниот Е.И. од Ново Село кој управувал возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки. Незгодата се случила на локалниот пат што ги поврзува тетовско Ново Село и Боговиње.
-Повреденото девојче пренесено е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На подрачјето на СВР Тетово, во акциска контрола на пешаци и нивното однесување како учесници во сообраќајот, вчера биле откриени и санкционирани 30 прекршоци.
Десет преминувале надвор од пешачки премин, додека 20 не ја почитувале сообраќајната сигнализација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата