Во Тетово од 20 дена во февруари само пет дена немало загаден воздух
Од 20 дена во февруари само во пет дена немало загаден воздух, односно имало надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 во текот на 15 денови. Со оглед дека во јануари среднодневните концентрации во 22 дена биле над дозволените 50 ПМ10, веќе е надминат светскиот здравствен стандард што вели дека во една календарска година не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух.
-Овие бројки се показател на она што постојано го потенцираме дека во зимскиот период затоплувањето на домовите со фосилни горива, дрва и мазут, предизвикува најголемо загадување на воздухот. Не треба ништо да измислуваме, за се има решение, се ќе се смени кога гасот ќе биде доминантен начин за затоплување. Исто така, во Тетово има прекумерна употреба на возила и голем сообраќаен хаос, а не се користи градскиот автобуски превоз. Помалку возила на улиците исто така ќе значи помалку загаден воздух, изјави д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово, специјалист по хигиена и здравствена екологија
Во текот на 2023 година имало 89 денови со загаден воздух, а во 2022 година биле загадени 108 денови. Во 2021 имало 132 денови со загаден воздух, а во 2020 година од 366 денови 138 биле со загаден воздух во Тетово. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните ПМ10 честички.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат