Во тек е конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП
Во тек е конкурост за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата, објавена на македонски јазик во периодот од јуни 2017 до 31 мај 2018 година. Конкурост ќе трае до 20 јуни.
Според критериумите, може да се пријават само дела од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи. Освен на македонски јазик, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно не е превод од друг јазик.
Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик. Пријави може да поднесат авторите или нивните издавачи во согласност со нив, еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови, а избори или книги во кои има препечатени делови од други книги нема да бидат земени предвид.
Пријавените книги ќе ги оценува жири-комисија од пет члена, а одлуката за добитникот ќе биде соопштена во август, за време на одржувањето на Струшките вечери на поезијата.
Авторите или издавачите што ќе учествуваат на конкурсот треба да пратат шест примероци од книгата на адреса: Струшки вечери на поезијата, поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Македонија.
Најпрестижната национална награда за книжевност „Браќа Миладиновци“ се состои од плакета и паричен износ од 150.000 денари.
Ново на Сител
-
ЕМОФ Скопје 2025 отворен со спектакуларна церемонија - Македонија ја пречека Европа со спорт, музика и заедништво
-
Регионалниот пат Куманово - ГП Пелинце ќе биде затворен за сообраќај поради велосипедска трка
-
Куманово ќе спроведе трет треман на терестичка дезинсекција
-
Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати
-
Рекорднa запленa од 206 кг кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат
-
Шефот на мароканската дипломатија во посета на земјава на средба со Муцунски
-
Можни прекини на катастарските услуги поради интервенции во мрежната инфраструктура
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје кај кањонот Матка - Треска во наредните четири дена