Во светот има над 83,5 милиони заразени со Ковид-19 и над 1,8 смртни случаи
Според најновите податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс објавени синоќа, 83,5 милиони луѓе во светот биле заразени со коронавирусот, а 1,8 милиони починале.
САД имаат најголем број заразени – најмалку 20 милиони и смртни случаи – повеќе од 346 илјади. Следува Индија со 10,2 милиони заразени и 148 илјади жртви, а трет е Бразил со 7,6 милиони заразени и 195 илјади смртни случаи.
Во САД во тек се вакцинации со одобрени вакцини од Фајзер / БиоНТех и Модерна.
Четириесет и две лица во американската држава Западна Вирџинија кои отишле на вакцинација, по грешка добиле „експериментален третман со антитела“, јавија американски медиуми. Тоа е лек кој му бил даден и на претседателот Доналд Трамп додека тој бил на болничко лекување поради коронавирус.
Џејмс Хојер од Националната гарда на Западна Вирџинија изјави дека тие лица биле контактирани и дека властите се обидуваат да го поправат пропустот, односно дека луѓето на кои по грешка им биле дадени антитела – ќе бидат први во редот за вистински
Ново на Сител
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа