Во Струшката болница нема место за позитивни на Ковид 19, се бараат алтернативи
Предвидените десет легла за пациенти позитивни на Ковид 19 во Интерното одделение во Струшката Општа болница се исполнети.
Во моментот, како што информира директорот Мухамед Асани, хоспитализирани се 13 пациенти.
– Единаесет се позитивни на Ковид 19, а двајца пациенти чекаат резултати. На Интерното одделение беа планирани 10 кревети, но се снаоѓаме. Ја чекаме монтажната болница. Додека да стигне се трудиме да се прилагодиме според потребите.
Тој посочи дека имаат и други опции за преадаптација на други одделенија од болницата за болни од Ковид 19. – Изнаоѓаме алтернатива за згрижување на пациенти со потешка слика, нагласи Асани.
Општата болнца – Струга нема Инфективно одделение, па заразените со коронавирус од Струга и Струшко се хоспитализираат во посебен дел во Интерното одделение, кое расолага со 30 легла, а за болни од Ковид 19 предвидени беа 10 кревети.
Ново на Сител
-
Мицкоски го доби мандатот да формира Влада
-
Мицкоски бара од Гаши да се извини за изјавата дека Косово е неговата татковина
-
Револтирани стружани со свирежи го одбележаа патронот на училиштето „Браќа Миладиновци“
-
Судиите од Врховен бираат претставник за Судскиот Совет
-
Денеска се затвораат вратите во СДСМ за поднесување на претседателски кандидатури
-
На ортопедија и траума работат 2 од 6 операциони сали
-
Фондот нема доволно пари за пензии, дупката ја полни државата
-
Преглед на вестите од светот