Македонија
8. July 2016 - 19:50

Во старата скопска чаршија оваа година ќе бидат обновени фасади на пет објекти

Во Старата скопска чаршија оваа година ќе бидат обновени фасади на пет објекти во рамки на проектот на Министерството за култура за реставрација на фасади во старото градско јадро.

Една од нив е веќе завршена , а втората на која интензивно работат  ќе биде готова за два месеца.

За Старата скопска чаршија  донесен е  и  закон, чија цел е  интегрирана заштита на ова културно наследство и симбол на мултикултурализмот  . 

Според  предвидената  динамика  за реализација  од страна на Конзерваторскиот центар, годишно има по пет реконструкции на објекти..

Обновата на фасадите , и  сите други  досега реализирани проекти  овозможија целосна ревитализација на Старата Скопска Чаршија.