Во Србија почнува попис на населението, домаќинствата и становите
– Пописот на населението, домаќинствата и становите во Србија почнува денеска и ќе се спроведува секој ден од осум часот наутро до 31 октомври до 20 часот.
Пописот што го спроведува Републичкиот завод за статистика (РЗС) ќе собира податоци за населението, неговата возраст, пол, образовната и брачната структура, за економската активност, структурата на домаќинствата и семејствата, како и за станбениот фонд.
Според Законот за попис, граѓаните на Србија со живеалиште или престој во земјата, како и странците со постојан престој со живеалиште во Србија, се должни да учествуваат во пописот и да дадат точни и целосни одговори на сите прашања.
Одбивањето да учествува во пописот, како и давање нецелосни и неточни податоци, повлекува прекршочна одговорност и парична казна од 20.000 до 50.000 динари, потсетува Бета.
За време на пописот, граѓаните имаат право да одговараат на прашања за националност, вера и мајчин јазик, кои се сметаат за чувствителни, или да се изјаснат како што сакаат.
Привремените резултати од пописот ќе бидат објавени во рок од 30 дена по завршувањето на пописот, а конечните резултати ќе бидат објавени во делови, почнувајќи од март или април следната година.
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател