-->
-->
Во Србија најавено формирање на 500 задруги
-->

Министерот во Владата на Србија задолжен за регионален развој Милан Кркобариќ изјави денеска дека во следните три години во 500 големи села во државата ќе бидат формирани 500 задруги.
– Државата ќе учествува во формирањето на тие задруги и помош до 50.000 евра по задруга, изјави тој.
Според него, тоа ќе биде најголемо вложување во историјата на задругарството и тие пари ќе бидат доволни да се вложат во основни средства и да се заокружи процесот на производство.
Тој додаде дека во моментот во Србија има околу 1.100 задруги и тоа не е доволно бидејќи порано имало повеќе од 3.500. Кркобариќ рече дека во светот има 800 милиони задруги и околу 750 илјади задруги.
– Ќе се обидеме да го вратиме духот на задругарството, потенцираше тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации
-

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
-

Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација
-

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп
-

Извештај: Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хаменеи во тешка состојба во Ком
-

Денес се празнува Благовештение на Пресвета Богородица - Благовец
-

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават платформите за дипломатските активности пред Комисијата за надворешна политика
-

Венс пристигна во Будимпешта
