-->
-->
Во Скопје вчера 10 сообраќајки, три лица повредени
-->

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на 10 сообраќајни несреќи, од кои седум се со материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле две лица.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник во автобус.
Самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, информира за МИА дека во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Санкционирани се осум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четири возачи со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, четири возачи поминале на црвено светло на семафор, 14 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 10 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен телефон.
Затекнати се и 38 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 75 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „8 Март“, објект „Ѕуница“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
