Во штипското Инфективно одделение ќе се постави современ противпожарен систем
Штипското Инфективно одделение се очекува за една до две недели да се стави во функција за пациентите, на кои им треба болнички третман. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека за една недела треба да се постави современ противпожарен систем, а средствата за негово поставување се обезбедуваат по пат на донации, бидејќи правилата за претстојните локални избори не им дозволуваат да распишат тендерска постапка.
Ѓеорѓијев забележува дека по завршување на сите градежни активности околу Инфективното одделение ќе биде ставено во функција, а модуларната болница ќе се користи само доколку се зголемува бројот на пациенти.
Според болничкиот извештај во модуларната болница се лекуваат 43 пациенти, а 10 се на Кожното одделение, на кислородна поддршка се вкупно 37, во дневната амбуланта имаат 57 прегледи. Во изминатите 24 часа нема починат пациент во модуларната болница.
Ново на Сител
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
