Во Штип лани регистрирани 87 случаи на семејно насилство
Пандемијата ги зголеми број на пријавени случаи на семејно насилство. Невладината „ЕХО“-Штип само лани има регистрирано 87 случаи во штипскиот регион. Бети Пеева од „ЕХО“-Штип , вели дека и во време на карнатин работеле на терен и со жртвите.
Статистичките податоци говорат дека бројка расте и во првата половина од оваа година. Пеева смета дека девојките и помладите жени се похрабри и одлучуваат да го пријават насилството во своите домови, за разлика од повозрасните. Тоа се должи на зголемената свест кај младата популација, кои можат да го препизнаат и идентификуваат насилството.
-Резултатите се многу подобри во однос на исходот, бидејќи ЕХО работи со мултисекторските тимови, меѓу кои и во Штип, кој се состои од претставници од полиција, обвинителство, од судство, здравство, општината, Центарот за социјални работи, кој е и прилично ефикасен, вели Пеева.
Посочи дека Штип треба да биде пример како се соработува. Новиот Закон за семејно насилство е казнив за сторителите не само врз жените, семејството, туку и доколку се случи на работно место, училиште и јавен простор. Статистиката на „ЕХО“ говори дека висок е и процентот на решени насилства. Инаку жените освен со семејно насилство до невладините често пати пријавуваат и проблеми поврзани со социјалната заштита.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица