Во Штип ќе се отвори канцеларија за соработка со дијаспората
Министерот задолжен за дијаспора Едмoнд Адеми и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски денеска остварија работна средба во Штип, при што го потпишаа и Договорот за соработка во областа на дијаспората.
Главната цел со потпишувањето на Договорот е да се отвори Канцеларија за соработа со дијаспората.
- Денеска со градоначалникот Бочаврски потпишавме прв ваков Договор за соработка во областа на дијаспората. Драго ми е што таа идеја која ја почнавме денеска можеме да ја ставиме во правна рамка и верувам дека многу скоро таа канцеларија ќе биде целосно во функција на сите оние наши граѓани кои живеат и работат во дијаспората, а сега летото веројатно ќе дојдат во Штип и околината и ќе можат тие неколку дена додека се тука да се посветат повеќе на семејствата, а помалку на бирократијата, рече Адеми.
Градоначалникот на општина Штип, Бочварски истакна дека како општина ќе ја дадат целосната поддршка за отворањето на канцеларијата во која иселениците ќе можат да се информираат каде може да ги извадат личните документи, потоа законските постапки во областа на трудот и социјалната заштита, да се информираат за можностите за инвестирање, како и за одредени законски измени.
- Правиме еден крупен исчекор во насока на подобрување на условите за сите наши граѓани кои живеат надвор од Република Македонија. Сакаме да придонесеме да имаа побрзи и подобри услуги во моменот кога тие ќе се вратат овде во Република Македонија, рече Бочварски.
Канцеларијата во Штип ќе соработува со иселениците од Република Македонија кои се на постојана или привремена работа во странство.
Ново на Сител
-
Откако го одбила ја претепал па ја силувал на паркинг во Сопиште, обвинение за 37 годишен скопјанец
-
Снег во Србија и Црна Гора
-
Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски
-
Приведен 31-годишник од Македонска Каменица, возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола
-
За хаваријата во Пинтија вчера постапува Инспекторатот, вели Меџити
-
Раст од 1,8 проценти на вкупниот промет во индустријата во март годинава
-
Поднесено обвинение за силување против 37-годишен скопјанец
-
Џастин Бибер ги отфрли наводите дека Диди сексуално го злоупотребувал