Во Штип ќе се градат две тениски игралишта

Агенцијата за млади и спорт ќе гради уште две тениски игралишта во Штип. Терените ќе се наоѓаат веднаш до мултифункционалното игралиште во населбата Сењак.
Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов информира дека екипи веќе од денеска започнале со расчистување на теренот по што ќе следи и изградбата на двата тениски терена.
- Со тоа се создаваат услови за формирање спортски комплекс во овој дел на градот, а по завршување на тениските игралишта, локалната самоуправа ќе презеде активности за уредување на преостанатиот простор и негово облагородување како паркова површина со соодветни елементи за одмор и рекреација, изјави Ристов, заблагодарувајќи и се на Агенцијата за млади и спорт за нејзиниот севкупен ангажман за збогатување на градот со спортски терени.
Тој истакна дека во Штип ќе има четири нови тениски терени и дополнително уште неколку кај градскиот базен со што се создаваат услови за формирање на тениска академија, која би била дел од средното образование во Штип, покрај фудбалската паралелка која функционира во рамки на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“.
Ново на Сител
-

ОЈО поведе постапка против пет лица за злоупотреби со стоковите резерви
-

Приведен албански државјанин поради „криумчарење мигранти“, пронајдени седум лица од Египет и едно од Судан
-

ФЗО: Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот при исплата на надомест за породилно отсуство
-

Општина Кисела Вода уриваше дивоградба во населбата 11 Октомври
-

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува на 2 декември
-

Кривична пријава за Дехари
-

Идната недела ќе биде распишан нов тендер за изведувач на Универзална сала
-

Во септември произведени 391.740, а потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија
