Во САД орган за трансплантација доставен со дрон
Првпат во историјата, на хурурзите во американска болница им е доставен бубрег за трансплантација со помош на дрон.
Станува збор за посебно дизајниран дрон за превоз на органот, кој е во состојба да го одржува за трансплантација и да го надгледува.
– Многумина гледаат огромен потенцијал за достава на медицински производи со дронови, додека дроновите во Африка веќе се употребуваат во медицински цели, пренесува Би-Би-Си.
Примателот на органот, 44-годишна жена од Балтимор, за трансплантација чекала осум години.
Според неа, необичниот начин на испорака на органот е неверојатен.
Според Единствената мрежа за распоредување органи, која раководи со трансплантација на органи во САД, во 2018 година на листата на чекање имало околу 114.000 лица, со 1,5 проценти од органите кои не стигнале на посочената локација и речиси четири проценти кои доцнеле два часа или повеќе.
Патот од речиси пет километри бараше многу нови технологии, вклучувајќи специјално изграден дрон способен за транспорт и на камери и безбедносни системи за обезбедување на органот за време на летот, како и комуникациски и безбедносни системи низ густо населената област.
Дронот исто така беше опремен со падобран.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња