Во САД идентификувано девојче кое исчезнало пред 60 години
По шест десетлетија, исчезнато американско девојче познато како „Малата госпоѓица Никоја“ (Little Miss Nobody) конечно доби име. Канцеларијата на шерифот на Округот Јавапај, Аризона, САД, одржа прес-конференција на којашто објави дека со ДНК-технологија, го идентификувале претходно непознатото девојче, чии останки се пронајдени во пустината во Аризона, 1960 година. Нејзиното име било Шерон Ли Галегос.
– Во 1960, луѓето немаа поим за каква било ДНК-технологија. Тие дури и не знаеја како да го наречат тоа. Не постоеше. Но, некако, на некој начин, тие направија доволно истрага за да ги зачуваат, документираат – да се запомнат и сочуваат сите оние работи што ни требаа за еден ден да може да дојдеме до оваа точка, рече шерифот Дејвид Роудс.
Внукот на Галегос, Реј Чавез присуствуваше на прес-конференцијата за да сподели дека приказната за исчезнувањето на неговата тетка е нешто со коешто тој израснал во неговото семејство.
Галегос била наводно киднапирана на 21 јули 1960, додека си играла со уште две деца во Аламогордо, Ново Мексико. Таа имала 4 години, а мртвото тело е најдено 10 дена подоцна. Наводните киднапери никогаш не се најдени, соопштија властите.
Ново на Сител
-

ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните врнежи, службите интервенираат и во другите делови од земјата
-

Студен бран со снег и силен јужен ветер, најобилни врнежи во западните делови
-

ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни
-

Протестите во САД продолжуваат по смртоносното пукање врз жена во Минеаполис
-

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република
-

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд за да ги спречиме Русија и Кина да го земат
-

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини
-

Претпладне повремени врнежи од дожд, попладне од снег
