Во САД донесена прва пресуда за немирите во Капитол на 6 јануари

Прва пресуда беше донесена во САД во случајот со немирите во Вашингтон на 6 јануари, јавија американските медиуми.
Ана Морган Лојд, учесник во јануарските немири во Вашингтон, доби условна казна, парична казна и обврска за извршување на општокорисна работа. Лојд (49), жител на Индијана, е првата осудена во случајот со упадот на Капитол од приврзаници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Таа се изјасни за виновна за учество во нелегалните демонстрации. Осудена е на три години условна казна, 120 часа општокорисна работа и парична казна од 500 долари. Обвинителството изјави дека жената не покажувала насилство и не учествувала во подготовките за немирите, поради што е донесена одлука за условна казна.
Околу 500 лица се обвинети за немирите во Вашингтон. Судијата во случајот истакна дека другите обвинети не треба да се надеваат дека ќе избегнат затворски казни.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
