Во Романија 33.000 луѓе се откажаа за 24 часа од вакцинирање со АстраЗенека
– Околу 33.000 Романци се откажаа од вакцинацијата со вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека за само еден ден, јавија романски медиуми.
Според весникот Журнал тоа се должи на страв од несакани ефекти од вакцината која е во центарот на огромни полемики. Координаторот за вакцинација во таа држава Валериу Георгита изјави дека за изминатите 24 часа 33.000 закажани вакцинации со АстраЗенека се откажани од вкупно 448.896.
– Во моментотво центрите за вакцинација каде се аплицира АстраЗенека имаме голем бропј луѓе кои се откажќаа од вакцинација со таа вакцина…бројот на закажани вакцинации е 446.896 со АстраЗенека, изјави тој.
Властите во државата продолжуваат со вакцинација на АстраЗенека се додека не добијат мислење од Европската агенција за лекови.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред