Во пукањето во ноќниот клуб во Литл Рок ранети и повредени 28 лица
Полицијата на Литл Рок, главниот град на американската сојузна држава Арканзас, соопшти дека во пукањето од огнено оружје во ноќниот клуб се ранети 25, а уште три лица се повредени, пренесоа американските медиуми.
„Се очекува сите да преживеат“, наведува полицијата во соопштение.
Полицијата преку Твитер претходно наведе дека пуќањето се случило рано утринава по локално време во ноќниот клуб „Пауер лаунџ“,по кавга која избила во текот на концертот што таму се оддржувал.
Полицијата наведува дека „не верува дека станува збор за активен напаѓач, нити за инцидент поврзан со тероризмот“.
Сопственикот на ноќниот клуб, Дерил Ренкин, на интернет постирал видео снимка од преполниот простор во кој настапувал реперот Финес 2Тајмс, каде пукањето почнало кога музичарот направил пауза и за 11 секунди биле испукани 24 куршуми.
Некои од жртвите се повредени кога публиката почнала да бега заради пукањето и газела се пред себе.
Полицијата засега не ги објави имињата на ранетите и повредените, ниту даде било какви информации за осомничен или осомничени.
Ново на Сител
-
Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање
-
Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ
-
Руски напад со дронови врз Одеса – еден ранет, илјадници без струја
-
Мбапе: Сакам да испишувам историја со Реал
-
Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии
-
Руски напад во Херсон: Повредени шест лица, меѓу нив и две деца
-
Словенец измамен за речиси 40.000 евра во крипто-заговор
-
Таткото на Илон Маск проговори за син му како семеен човек