Во првата половина на 2020 година за 51 отсто намалени брановите бегалци и мигранти во Грција
Намалени за 51 отсто брановите бегалци и мигранти на грчките острови, за 88 проценти зголемен бројот на одлуки за азил, намалување за 23 отсто на бројот на лица на островите, се главните карактеристики во бегалското/ мигрантското прашање во Грција во првата половина од годинава, согласно податоците од Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина.
Во првата половина на 2020 година, во Грција, преку грчките острови и преку Еврос пристигнале 9.874 бегалци и мигранти, односно 51 отсто помалку во споредба со истиот период лани.
Во истиот период од шест месеци биле издадени 46.554 одлуки за азил, наспроти 24.701 во првата половина од 2019 година.
На Хиос, Лезбос, Самос, Лерос и Кос, островите најпогодени од бегалските и мигрантските бранови, за 23 отсто се намалил бројот на сместени во Центрите за прием и регистрација, а се зголемиле и префрлувањата во други делови на Грција.
Поконкретно, биле префрлени 17.764 лица.
Заклучно со 30 јуни 2020 година, во цела Грција, престојуваат 89.227 бегалци и мигранти, распределени во различни периферии, а најголемиот дел од нив, 28.702 се на островите во северниот дел на Егејското море.
И во однос на комплетната слика, постои намалување на бројот, со оглед на тоа дека на 31 декември 2019 година во земјата имало 92.838 бегалци и мигранти.
Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис вели дека веќе се менува сликата во мигрантското прашање во земјата, а ограничувањето на новите бранови во комбинација со забрзување на процедурите за азил ѝ дозволува на Владата да го спроведе планот за намачување на бројот на лица кои престојуваат во прифатните центри на островите.
-Во втората половина од годината акцентот дополнително ќе го ставиме на враќањата и депортациите, со повторното отворање на границите во периодот на укинување на ограничувањата, како и на трансформацијата на центрите во затворени/ контролирани, а потоа и нивна дигитална трансформација. Нашите приоритети и понатаму се значително намалување на брановите бегалци и мигранти и драстично ограничување на влијанието на кризата врз локалните заедници, вели Митаракис.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат