Свет
30. April 2021 - 8:48

Во Прага протести против Земан

Околу 10.000 Чеси вчера се собраа во Прага во знак на 
протест против чешкиот претседател Милош Земан, барајќи Сенатот, Горниот дом на чешкиот парламент, да го обвини за предавство.
 
Според демонстрантите, Земан со последните коментари застанал на страната на Русија во врска со наводната вмешаност на шпиони од земјата во експлозија во складиште за муниција во Чешка во 2014 година и предизвика сомневања во безбедносните и разузнавачките извештаи за инцидентот.
 
Тие го повикаа Сенатот да покрене обвинение за предавство против Земан, кого го нарекуваат „слуга на Кремљ“ и за кого тврдат дека претставува „безбедносен ризик“ за земјата. Тие исто така бараат Земан да поднесе оставка.
 
Сенатот веќе соопшти дека се разгледува обвинение против Земан.