Loading Video...
Свет
24. December 2017 - 20:30

Во пожар во Трговски центар на Филипините загинаа најмалку 37 лица

Најмалку 37 луѓе загинаа во пожар што изби во трговски центар во градот Давао, на Филипините. Пожарникарите со часови се обидуваат да го изгаснат огнот, кој започнал на третиот кат и се проширил нагоре, при што ги заробил вработените во кол-центарот. Според медиумите не постои  можност луѓето заробени во четирикатниот трговски центар  да го преживеат пожарот кој го уништил целиот објект. Засега сеуште не се знаат причините за пожарот, кој  се случува во моменти кога земјата е зафатена со смртоносната тропска бура Тембин.