Балкан
20. September 2023 - 9:24

Во полициската акција во Србија уапсена поголема група педофили

Во Србија е уапсена поголема група педофили, сексуални предатори кои злоупотребувале интернет и вршеле криминални дејствија врз девојчиња и момчиња, јавија белградските медиуми.

Меѓу жртвите има и деца на возраст од три до 14 години. Акцијата ја спроведоа припадници на МВР, во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал.