-->
-->
Во петок и сабота 47.издание на Златен Гонг
-->

Една од најтрофејните спортски манифестации во Македонија, Златен Гонг, оваа година ќе се одржи по 47-ми пат. Вип Арената при СЦБТ, мала сала од 9-11 ноември 2017 (петок и сабота ), ќе ги собере боксерите од Македонија и уште 6 други држави,согласно доставената програма. Натпреварите ќе започнат со полуфиналните борби во петок со почеток од 16:00 до 19:00 часот додека свеченото отварањето на настанот ќе се одржи во петок од 17:30 часот. Во сабота е предвидено да се одржат финалните борби со почеток од 11:00 часот, а доделувањето на наградите и признанијата е предвидено со почеток од 14:00 часот. За учество на гонгот се пријавени околу 40 боксери.
На прес конференцијата во Агенција за млади и спорт, директорот Дарко Каевски потенцираше дека оваа манифестација станува македонски спортски бренд на Балканот и Европа и од таа причина Агенцијата за млади и спорт се јавува како генерален покровител.Поддршката која Агенцијата за млади и спорт е во насока на дополнителна афирмација на боксот во Македонија, како е ден од нашите најуспешни спортови.
-Се надевам на фер плеј борба и судење и упатувам покана до сите вљубеници на боксот да уживаат во перформансите на сите учесници,- изјави Каевски.
Свое излагање околу спортската манифестација и околу очекувањата имаше и селекторот на македонската боксерска репрезентација Петре Чурлинов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
-

Најмалку 27 луѓе загинаа при руски напад врз Буча
