Во општина Струга основан локано економско-социјален совет
Градоначалникот на Општина Струга Зијадин Села, претседателите на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски, на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров и на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски денеска во салата на Советот на Општина Струга потпишаа спогодба за основање локаен економско-социјален совет (ЛЕСС).
ЛЕСС ќе има консултативно-советодавна функција, ќе разгледува прашања и ќе дава мислења предлози и препораки до градоначалникот и општинскиот Совет за одредени прашања од економско-социјалната сфера. Целта е зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво, поттикнување на колективно договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор и воспоставување механизам за мирно решавање на работните спорови.
Спогодбата, според Ралповски, е можност да се подобри социјалниот дијалог, стандардот на граѓаните во општината и договорот меѓу бизнис заедницата и социјалните партнери.
- Подобрувањето на стандардот и социјалниот дијалог ќе бидат еден од главните мотиви за изнаоѓање решенија за кои се заинтересирани граѓаните и бизнис заедницата, изјави Ралповски.
Организацијата на работодавачи ја поддржува идејата за формирање ЛЕСС, поради, како што рече претседателот Димитров, дека е место каде што може да се судираат интересите на социјалните партнери и локалните заедници. Почнува да се води еден дијалог меѓу претставници на работниците, бизнис заедницата и локалната самоуправа.
- Предлозите што ќе бидат доставени од ЛЕСС ќе бидат дочекани со должно внимание од националните институции затоа што зад нив ќе стојат синдикатите и Организацијата на работодавачи. Се надевам дека од овој совет ќе произлезат добри предлози и сите ние ќе се откажеме од нашите суети и ќе работиме за доброто на нашите граѓани, рече Димитров.
Претседателот на ССМ Митревски заклучи дека потпишувањето на спогодбата претставува еден континуитет во развојот на социјалниот дијалог во Република Македонија.
- Со формирањето на ЛЕСС се овозможува институционална алатка преку која синдикатите, работодавачите, локалната самоуправа и градоначакникот имаат средства да реалиираат низа значајни политики пред се од социјален аспект. Овој совет овозможува развој на социјалниот дијалог и постигнување на повеќе цели од аспект на тоа што ќе води грижа за развој социјалната и економската положба на граѓаните и на работниците во Струга, истакна Митревски.
Советот, додаде, ќе овозможи и процес на усогласувањена потребите на пазарот на трудот со степенот и видот на образование на ниво на општина Струга, градење специфичен облик кон креирање на политиките на вработување посебно на младите и ќе води сметка за потребите на граѓаните во процесот на работното ангажирање.
Струшкиот градоначалник Села забележа дека во општина Струга нема капитални инвестиции за разлика од другите општини во земјава.
- Доколку се споредиме со останатите општини ненаме никакви капитални инвестиции, нашите граѓани се соочуваат со проблеми во нивниот секојдневен живот. Во меѓувреме во останатите општини имаме капитални инвестиции, односно на изградба на повеќе капитално објекти, рече Села.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки