Во ноември значително намален мигрантскиот прилив во Европа
Во текот на минатиот месец во Европа по морски пат пристигнале околу 140.000 бегалци и имигранти, што е значително помалку во споредба со октомври годинава, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
- Податоците за ноември се први оваа година кои покажуваат дека бројот на бегалци и имигранти е намален во однос на состојбата забележана во претходните месеци, изјави Вилијам Спиндлер од УНХЦР.
Според него, причина за намалениот број лица кои доаѓаат во Европа е резултат на влошените климатски услови во Егејското Море, но и на мерките кои турските власти ги презедоа против илегалниот транпорт на имигранти.
Повеќе од 880.000 имигранти оваа година пристигнале до европските брегови, што е за околу четири пати повеќе во споредба со 2014 година, додаде претставникот на агенцијата на ОН за бегалци.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика