Во невремето во Украина 10 лица загинаа, ветрови носат се пред себе
Десет лица загинаа, а 23 се повредени, меѓу кои две деца во снежните бури во Украина, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко.
Замрзнати ветрови и бури ја зафатија Украина од неделата, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија и блокирајќи ги патиштата, особено на југот на земјата, јавува Ројтерс.
„Поради влошување на временските услови, 10 лица загинаа во регионите Одеса, Харков, Миколаев и Киев“, напиша Клименко на Телеграм.
Тој изјави дека без струја се 411 населени места во 11 области, а од снежните наноси треба да се извлечат над 1.500 возила.
Во регионот Одеса речиси 2.500 луѓе се спасени по снежното невреме, објави гувернерот Олех Кипер, додавајќи дека 313 населени места во регионот во моментов се без електрична енергија.
Тој наведе дека од снегот се извлечени 849 возила, од кои 24 автобуси и 17 амбулантни возила.
Ново на Сител
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна
-
Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат