-->
-->
Во недела ќе се трча 12.тиот „Виз Ер Скопски маратон“
-->
Во пресрет на претстојниот „Виз Ер Скопски Маратон“ што ќе се одржи на 8.мај (недела) денеска во просториите на Град Скопје, се одржа прес конференција, на која свои обраќања имаа Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на „Виз Ер Скопскиот Маратон“, Кире Синадиновски.
- Градот Скопје, организаторите и големиот број волонтери реализираат веќе интернационално афирмиран спортски настан на кој секоја година се пријавуваат сè повеќе професионалци, рекреативци, граѓани, ученици од основните и од средните училишта, пријатели на спортот и на позитивната енергија. Можам слободно да кажам дека за Градот Скопје и за Република Македонија, маратонот има и културна, економска и туристичка димензија, толку потребна за афирмирање на имиџот на нашиот главен град и на нашата држава.И годинава, за оваа манифестација Градот Скопје од својот буџет издвои 1.200.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни градски претпријатија, кои беспрекорно си ја вршат својата работа и за тоа им упатувам јавна благодарност. Ги повикувам граѓаните на Скопје, в недела, на 8 мај, да излезат во што поголем број, да им пожелат добредојде и да им дадат силна поддршка на овие храбри спортисти и рекреативци, а сите заедно да се дружиме и да го прославиме и Денот на Европа на најубавиот можен начин, изјави Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
За деталите околу маратонската трка зборуваше директорот на манифестацијата, Синадиновски:
- До сега се имаат пријавено над 7.000 учесници, бројка во која се вбројуваат учесници не само од Македонија, туку од вкупно 45 земји од целиот свет. Од организаторска гледна точка, навистина е убаво чувството да се знае дека постои голем интерес за оваа спортска манифестација, како од наши граѓани, така и од странство, најмногу поради фактот што со секое ново издание на маратонот, се подобрува и квалитетот на истиот, со поквалитетни понудени услови за учество. Поради тоа „Виз Ер Скопскиот Маратон“ се вбројува во еден од најдобрите маратони кој може да се спореди со познатите маратони од други светски метерополи. Овој интерес е сè поголем со секоја измината година. Јас само би сакал да ги поканам сите заинтересирани да го проследат овој настан и да бидат сведоци на трките кои ќе се одржат во недела, вклучувајќи го маратонот, полумаратонот, штафетната трка и трката на 5км, а најдобрите ќе ги очекуваме на финиш линијата.
Нагласена беше и информацијата пријавените учесници да ги подигнат своите стартни броеви денес и утре (6.мај и 7.мај) од 10:00 до 19:00 часот во холот на Конгресниот центар „Александар Македонски“ во Скопје, (поранешна Универзална Сала).
Стартниот број 1 од директорот на маратонот Синадиновски го доби Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.
Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје и Мисијата на Европската Унија. Маратонот ќе се одржи на 8.мај по повод Денот на Европа, со почеток во 08:45 часот на стартната линија во центар, во срцето на главниот град.
Годинава на Скопскиот маратон ќе учествуваат 10 елитни тркачи, меѓу кои и Вајклив Кипкорир од Кенија победникот од 2013 година. Наградниот фонд изнесува 17.100 евра, а победникот ќе добие 2.000 евра за првото место и според постигнатото време може да добие и бонус финансиски средства. Воедно овој маратон ќе се рангира и за државното првенство на Македонија, каде првото место ќе донесе награда од 350 евра.
Прогласувањето на победниците во маратонската трка е предвидено околу 11:40 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителство бара мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК за предметот „Адитив“
-
Љутков за исплата на платите на културните работници: Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска
-
Околу 25.000 луѓе во Турција се „напушиле“ откако полицијата запали над 20 тони запленет канабис
-
Додик за одлуката на Шмит да ги блокира средствата на СНСД и Обединета Српска: Дали тоа е демократија?
-
Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата, тој кажува кои лица ќе бидат опфатени
-
Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда
-
Ден по Велигден ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ | ВИДЕО
-
Кривична за 49 лицa кoи вршeлe злоупотреба на постапката за стекнување со туѓа нега и инвалидски пензии