Македонија
19. July 2024 - 16:50

Во Лондон премиерот Мицкоски остварил средба со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III

Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

- Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области, напиша Мицкоски.

Оваа средба, како што објави премиерот Мицкоски,  претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство.