-->
-->
Во Литванија запленети 600 килограми кокаин од Колумбија
-->
Литванската полиција заплени 600 килограми кокаин скриен во пратка со јаглен од Колумбија. Во операцијата се уапсени девет лица.
- Дрогата, чија пазарна вредност е 40 милиони евра, најверојатно била наменета за рускиот пазар, изјави полицискиот комесар Линас Пернавас.
Поголемиот број од уапсените се Литванци, а најмалку еден од нив е Колумбиец. Тие може да бидат осудени на 15 години затвор.
Кокаинот бил пронајдени во пратка од 250 тони јаглен. Тоа е досега најголема заплена на кокаин во Литванија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје