Во Летонија задолжителна вакцинација против Ковид-19 за вработени во образованието и во здравствените установи
Летонската влада одлучи да ја направи вакцинацијата против Ковид-19 задолжителна за вработените во образованието и здравствените установи, јави ДПА.
Од октомври, вработените во медицински, јавни и образовни институции ќе треба да покажат потврда за вакцинација против Ковид-19.
Во другите сектори, работодавците ќе имаат право да отпуштаат невакцинирани работници од 1 октомври, според новите правила донесени од владата вчера во Рига. Мерките мора да бидат одобрени од парламентот за да стапат на сила.
Кампањата за вакцинација во Летонија, со население од 1,9 милиони жители, напредува многу бавно. Досега, околу една третина од жителите примиле барем една доза од вакцината. Од почетокот на пандемијата, повеќе од 138.000 случаи на коронавирус се регистрирани во Летонија, а повеќе од 2.500 заразени лица починале.
Ново на Сител
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
-

Зголемена фреквенција на Табановце и Богородица, чекањата до еден час
-

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“
-

Рама: Воздушниот простор за време на самитот на НАТО ќе биде заштитен со супер интелигентни дронови произведени во Албанија
-

Мигранти се обиделе да влезат и во шпанската енклава Мелиља
-

Трамп се закани со масовни напади врз Иран
-

Премиерот Мицкоски во Дебар на доделување станови за социјално загрозени категории на граѓани
