Свет
22. January 2016 - 11:04

Во Лаос избрано новото партиско – државно раководство

Во Виентијан, главниот град на Лаос, денеска заврши Конгресот на Народната Револуционерна Партија на Лаос (ЛПРП ) на кој беше избрано ново раководство на партијата, кое ќе ја раководи и државата во следните пет години.

Досегашниот претседател, премиерот и двајца негови заменици се повлекоа од должноста, а нивните места, како и во 77 члениот Централен комитет ги зазедоа помлади кадри на партијата, најчесто синови и блиски роднини на досегашното раководство.

Нов Генерален секретар на Партијата ЛПРП е Боунтханг Ворахит, кој е најстар во сегашниот раководен состав, а по 10 годишно владеие се повлекува досегашниот шеф на Партијата Коунмали Сајсоне. Нови се и имињата на партиските функционери кои по автоматизам ќе ги преземат премиерската позиција и министерствата за надворешни работи и одбрана.

Конгресот во Виентијан се одржа без присуство на странски медиуми, а не е познато од кои држави биле поканети и дошле на редовниот петгодишен Конгрес на оваа марксистичко-ленинистички ориенирана партија, која раководи со Лаос од 1.975 година.