Во Кушадаси не дочекуваат со „А, Бугарија! Нема пари!“
Blitz.bg
Минатото лето не беше особено успешно од туристичка гледна точка, затоа што Европското фудбалско првенство ги задржа Бугарите во земјата во текот на јуни. Освен тоа, минатата година бугарските хотели ги намалија цените. Е, ние не сметаме дека е така, но цифрите кажуваат нешто друго. На 4-5 места во центарот на Кушадаси, трговеците штом ќе слушнат дека сме од Бугарија, извикуваат: „Ааа, комшија! Бугарија нема пари!“
Така научиле од нашите туристи. За да не им додеваат, Бугарите одговараат: „Њама пари!“ Во интерес на вистината, Бугарите се едни од најсиромашните гости во Кушадаси, во споредба со Арапите, Германците и Британците, кои преовладуваат во средината на јули во 120 илјадниот летноодморски град.
Всушност, никој не те гледа со сожалување. Штом си дошол на одмор, значи дека во џеповите ти ѕвецкаат монети за ќеф или за подароци. Така размислуваат трговците и ти предлагаат какви се не искушенија.
А што се случува во Фанари? 24rodopi.com веќе објави писмо во кое жител на Комотини се лутеше дека нашите туристи ги валкаат плажите, не ги почитуваат правилата, а врв на се и не трошат пари со кои ќе се засили грчката економија. Денес ви претставуваме писмо на други Грци.
„Сексуалниот чин е нешто сосема нормално и заслужува почитување, освен ако се прави јавно и ги вознемирува луѓето рано изутрина кога одат на плажа за да се искапат во морето. Нов морал, кој воопшто не е убав, ни донесоа Бугарите кои доаѓаат тука за да се насладуваат на нашето море и на плажите. Срамна сцена на која беа сведоци десетина Грци, се случила на брегот на морето во Фанари.
Во близина се наоѓаат бунгалови кои општината ги дава под наем. Едно од нив му било изнајмено на Грк, но изгледа тој ги прекршил правилата на договорот и им го дал под наем на Бугари. Отстапувањето на објеки во Грција е всушност строго забрането. Бугарите, кои го користеле бунгаловот, постојано се трупале затоа што за време на викендот кај нив пристигнале и нивните пријатели и роднини. Над десет луѓе спијат во бунгаловот и се радуваат на бесплатниот одмор.
Новите правила воведени од Бугарите, се разбира, не се поврзани само со фактот за законско преизнајмување, туку и заради нивното непримерно однесување во јавноста. Неколкумина Бугари кои го користеле бунгаловот, очигледно маѓепсани од убавината на нашиот регион, си помислиле дека се им е дозволено! Очевидци раскажуваат дека имале секс на плажа, која е во непосредна близина на бунгаловот. Двојката фатена во „расчекор“ дури и не се погрижила да влезе во морето за половиот акт да не се гледа. Сведоци на сексот биле Грци, кои седеле по верандите на своите бунгалови, и оние кои во тоа време тргнале на плажа. Треба да се одбележи дека вљубената двојка дури и не се засрамила и не ја сопреле љубовната игра, независно од тоа што луѓе доаѓале на плажата. Дел од мераклиите за капење во море си заминале кога ги виделе двајцата Бугари влопчени во порно поза. Летувалците Бугари во нашиот регион ни донесоа нови... навики“.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки