Во кумановско непречено се одвива бербата на доцните есенски култури

Во поширокиот регион кој ги опфаќа општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане ожнеани се 789 хектари со овес, при што е остварено производство од 1.740 тони. Посеан е и сончоглед на површина од 560 хектари.
Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Куманово информираа дека целосно е завршено жнеењето на добиточниот грашок, граорот и фуражната пченка.
- Годинава со доцни посеви насадени и насеани се 11.505 хектари од кои најголем процент насадиле индивидуалните земјоделци, односно 11.070, а претпријатијата 435 хектари, изјави Бранкица Димковиќ од Подрачната единица на МЗШВ во Куманово.
Целосно завршена е и бербата на кромидот кај земјоделските претпријатија при што со оваа култура, според податоците на Подрачната единица на МЗШВ, насадени биле 300 хектари, а производството изнесува 3.600 тони. Лукот го саделе само индивидуалните земјоделци на површина од 120 хектари кои оствариле 420 тони производство.
Привршува и бербата на лубеницата која е насадена на површина од 927 хектари. Од досегашните 85 проценти набрани површини остварено е производство од околу 23.000 тони. Компирот, пак е насаден на површина од 1.131 од кои над 13.000 тони производство оствариле земјоделците. Бербата на гравот во овој период е околу 80 проценти од површина од 700 хектари и досегашното производство е 490 тони.
Бербата на зелката и кељот е на почеток така што следниот период, ќе следува интензивна берба на овие зеленчуци на површина од околу 300 хектари.
Според надлежните, условите за берба се поволни и се очекува таа да заврши до средината на наредниот месец.
Ново на Сител
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
