Македонија
8. May 2023 - 12:18

Во Куманово уапсен 26 годишник баран со потерница за издржување на затворска казна

На 07.05.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(26) од Куманово.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.