-->
-->
Во Крива Плаанка проектот „Е-отпадот создава можности“
-->
Основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ како Еко-училиште отпочна со реализација на проектните активности од проектот „Е-отпадот создава можности“ кој е во организација на Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ од Скопје.
Проектот е поддржан од постапувачот со електричен и електронски отпад фирмата „Елколект“ Доо Скопје и Амбасадата на САД во Република Македонија.
- Нашето училиште е дел од 20 училишта во земјава чиишто Еко-одбори во соработка со Центарот за климатски промени работат на подигнување на свеста за справувањето со овој вид отпад и штетноста на неодложениот електорнски отпад. Во рамки на проектот во училиштето ќе бидат одржани и повеќе едукативни презентации за потребата од селектирање и рециклирање на електричниот и електронскиот отпад кој од ден на ден го има во се поголема количина, а една таква веќе е спроведена, изјави Драган Ристовски, директор на ОУ „Јоаким Крчовски.
Едукативните презентации ги реализираат стручни лица од Центарот за климатски промени, а во училишниот хол веќе е поставен и специјален сад за одлагање на е-отпадот.
- Учениците веќе одлагааат неупотреблив електронски и електричен отпад во специјален сад , со што веќе се огледа иницијативата за подигнување на еколошката свест за штетното влијание на овој вид отпад врз здравјето и животната средина, што е основна цел на проектот, додаде Ристовски.
„Е-отпадот создава можности“ се реализира во уште 19 други училишта во Република Македонија и ќе трае до крајот на учебната година. На крајот најактивните училишта опфатени со проектот ќе бидат наградени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал