Македонија
25. February 2022 - 14:23

Во Киев се подготвуваат молотови коктели: „Се чекаат руските тенкови“

Во Киев се подготвуваат молотови коктели додека руските сили напредуваат кон центарот на градот.

Неколку гајби полни со молотови коктели се подготвени, се наведува во прилог на фотографија што ја објави украинскиот новинар Илија Пономаренко на „Твитер“.

„Молотови коктели во Киев. Се чекаат руски тенкови“, напиша тој.

Министерството утрово ги повика жителите да подготват молотови коктели и да ги информираат доколку забележат руски сили или воена опрема.

Жителите кои не сакаат да учествуваат во одбраната беа повикани од Министерството да не излегуваат од своите домови.