Во Кичево продолжи граѓанскиот протест на иницијативата “За заедничка Македонија”
Пред платото на Домот на културата во Кичево продолжи грѓанскиот протест на здружението “За заедничка Македонија”.
На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој во име на граѓанското здружение рече дека продолжуваат со мирни и достоинствени протести.
- Речиси илјадници граѓани сме на улиците за да го искажеме нашиот револ кон оние кои безусловно ја прифаќаат штетната тиранска платформа. Истовреме порачуваме дека нема да застанеме, дека нема да се измориме, нема да дозволиме никој да се коцка со единствената држава што ја имаме. Се поголема е силата на македонискиот народ кој во овие тешки мигови се обединува. Цврсто стоиме на ставот за зедничка Македонија и нема место за делби по никакви основи. Овој народ е обединет ја препозна намерата па нема да созволи разнебитување на нашата држава. Во неа има место за сите нејзини граѓани затоа повикуваме на сплотеност и на разум. Нека се замислат сите дека никој не може против народот, рече Силјаноски.
Тој ги повика присутните на протестен марш за да покажат единственост и сплотеност за заедничка Македонија.
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата