Во Кавадарци 1.167 заболени од грип

Бројот на заболени од сезонски грип во Кавадарци од почетокот на сезоната досега достигна 1.167. Само изминатата седмица во Центарот за јавно здравје во Кавадарци биле регистрирани нови 347 заболени од грип.
Ова денеска го истакна Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот, кој рече дека бројот на грипозни континуирано се зголемува.
- Во истиот период минатата година имавме евидентирано 287 лица кои имале грип во Кавадарци и Росоман. Значи годинава имаме околу четири пати повеќе заболени. Морам да нагласам дека бројките не се конечни, бидејќи понекогаш грипозните самите се лекуваат во домашни услови, или можеби навреме не се пријавени кај нас, нагласи Јовановски.
Појасни дека имало сезони кога бројот на заболени од грип бил уште поголем и во истиот период во 2013-2014 година, изнесувал 2.455.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
