Свет
4. February 2018 - 13:22

Во Јужен Судан едно дете може да се купи за 20 крави

Во Јужен Судан дете, без оглед на возраста, се продава за 20 крави, односно за околу седум илјади долари. 

Киднапирањето на деца се зачести за време на петгодишната граѓанска војна во Јужен Судан, а луѓето се обидуваат да најдат начин за да преживеат.

За време на посетата на едно од последните упоришта на опозицијата, американски репортер, разговарал со таткото чии деца се киднапирани. 

Таткото стравува дека две негови деца се продадени за крави, а дека најмалото не е живо