Балкан
2. May 2016 - 8:53

Во југоисточна Турција ранети десет војници

Десетмина турски војници се ранети синоќа во бомбашки напад, кој според турските власти е дело на Курдската работничка партија (ПКК).

Нападот се случи во југоисточниот град Дичле, населен претежно со Курди, на околу 650 километри северно од Дијарбекир, изјавија претставници на турските сили за безбедност.