-->
-->
Во Јапонија извршени две смртни пресуди
-->

Во Јапонија денеска се извршени две смртни пресуди со бесење, соопшти Владата во Токио.
Седумдесет и пет годишен маж е егзекутиран поради убиство на пет лица, меѓу кои и девет годишно девојче, во периодот 1985-1994 година. Извршена е смртна казна и на 56-годишна поранешна медицинска сестра, која порачала убиство на две лица кон крајот на 90-тите години од минатиот век, за да добие осигурување.
Егзекуциите се извршени во момент кога се вршат постојани повици кон Јапонија од страна на организациите за заштита на човековите права за укинување на смртната казна.
Истражувањата на јавното мислење, пак, покажуваат дека поголем број од Јапонците ја поддржуваат смртната казна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида
-

Нова слаломска победа за Шифрин
-

Пораз на македонските ракометари на контролата со Хрватска
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиниката за гинекологија и акушерство
-

Собранието треба да го донесе новиот Закон за Судскиот совет
-

Сончево и студено време со мала до умерена облачност
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
